Попладнево се играат два меча од 13.коло во ПМФЛ. По првото полувреме, Вардар и Тиквеш играат 1:1. Стрелец на голот за Вардар, инаку деби во “црвено – црниот“ дрес, беше Ворен Чимпебме и тоа во 19.минута. Неговиот шут “закачи“ некого и тоа беше гол за водство од 1:0. Вардар преку Азер Омерагиќ во 15.минута, како и преку Босанчиќ во 10. и 17.минута имаше шанса, по оваа последната беше погодена и пречката. Во 45.минута Тиквеш од пенал со голот на Ивановски дојде до 1:1.
Во Битола исто така водат домашните фудбалери. Пелистер – Брера 1:0 и тоа со голот на Вилдан Керим во 23.минута кога шутираше прецизно со глава. Претходно и Петар Петковски опасно се закани по голот на струмичани.
На друата страна Ндезенгуе во два наврати се закани, но на пауза се замина со тие 1:0 за домашните.















