Солзите на Сабаленка во сенка на Рибакина која приреди скандал (ВИДЕО)

128
Фото: УС Опен Твитер

Шестата тенисерка во светот, Елена Рибакина, првпат во својата кариера го освои завршниот турнир. Русинката која настапува под знаме на Казахстан во финалето ја совлада најдобрата на светот, Белорусинката Арина Сабаленка.

Во саботата двете врвни тенисерки од Истокот одиграа спектакуларно финале. Рибакина славеше со 6:3, 7:6, Сабаленка подоцна беше снимена расплакана, но најмногу се зборува за моментот веднаш по мечот.

За време на доделувањето награди по финалето, се случи необична сцена. Елена Рибакина одби да се фотографира со извршната директорка, Портија Арчер. Кога се фотографираше со Арина Сабаленка, Арчер им се придружи ненадејно, а Рибакина се повлече на страна.

Судијата ѝ гестикулираше на Казахстанката да застане заедно со нив, но таа само ја подигна раката и одби. Потоа накратко зборуваше на прес-конференцијата.

„Мислам дека сите си ја работиме нашата работа и имавме можност да разговараме, но на крај тоа не се случи“, призна Рибакина кратко по мечот.

Зошто така се однесуваше за време на церемонијата?

Странските медиуми пишуваат дека тоа е реакција на истрагата против нејзиниот тренер, Стефан Вуков. Минатата есен ВТА го суспендираше привремено од тренерска работа и присуство на турнири поради „злоупотреба на овластувања и навредливо однесување кон ВТА тенисерка“. Нема сомнеж дека Арчер имала улога во оваа суспензија.

За време на истрагата, Рибакина неколку пати истакна дека Вуков никогаш не ја малтретирал.

ПретходноЃоревски преку МЗТ Скопје ги искористи своите „пет минути“ да го „исплука“ раководството на Пелистер
СледноФК Македонија ЃП со соопштение: Клубот нема да биде воден под притисок, неточно е дека има долгови!