Бајевски се повлече од функцијата спортски директор на Македонија ЃП

186

Некогашниот македонски фудбалски репрезентативец, Алекснадар Бајевски, со објава за социјаните мрежи и официјално го најави своето повлекување од позицијата спортски директор на ФК Македонија ЃП. Во објавата, Бајевски вели дека одлуката е донесена по сериозна анализа и проценка на состојбата во клубот.

„Со оваа порака сакам официјално да ја соопштам мојата одлука да се повлечам од функцијата спортски директор на ФК Македонија Ѓорче Петров. Оваа одлука е донесена по внимателно размислување, сериозна анализа и искрена проценка на актуелната состојба во клубот.

Иако секогаш се водев од најдобрите интереси на клубот, почувствував дека моите визии и начинот на работа не се вклопуваат со насоката која новото раководство ја наметнува.Сметам дека недоследноста во пристапот, различните приоритети и отсуството на заедничка стратегија го прават продолжувањето на мојата работа во оваа средина неизводливо невообичаено и неефикасно. Под такви околности, единствено исправно решение е да се повлечам.

Искрено се заблагодарувам на претходниот сопственик Имер Асан за успешната соработка, довербата и поддршката што ми беше укажана во изминатиот период.Тој период ми овозможи да работам во средина каде визиите беа усогласени и јасни.

Упатувам голема благодарност и до тренерот Бобан Грнчаров и целиот  стручниот штаб за нивната посветеност, тимска работа и професионален пристап. На фудбалерите им благодарам за трудот, дисциплината и ангажманот што секојдневно го вложуваваа. Им посакувам продолжување на развојот и многу успех во иднина.

Особена благодарност до сите вработени во клубот, кои со својот труд и секојдневна поддршка овозможуваат клубот да функционира. На навивачите и поддржувачите на клубот, благодарам за коректната и искрена поддршка која ја покажувавте. Иако ја напуштам функцијата, останувам со искрена почит кон клубот и неговата историја. Секогаш ќе посакувам прогрес, стабилност и спортски успеси“, напиша Бајевски.

ПретходноВелешани им го земаа „скалпот“ на шампионите
СледноМанчестер Сити го растури Ливерпул и дојде на четири бода до Арсенал (ВИДЕО)