Вардар 1961 перфекција од два месеци без пораз и 11 победи во низа (ФОТО)

80

Во СЦ „Јане Сандански“ видовме вистински дерби натпревар, а Вардар 1961 ја оправда фаворитската улога против Алкалоид, славеше со 34-28 (17-17) и ја запиша 11 победа во низа во Супер-лигата.

Со овој триумф „црвено-црните“ останаа единствениот тим сезонава без пораз и се заацврстија на првото место на табелата после првиот круг. Европскиот состав на Иван Чупиќ мечот против младиот состав на Кирил Лазаров го реши во второто полувреме, после 46-та минута успеа да направи серија од 5-0 и да дојде до позитива од 32-25, доволна за мирен финиш.

Традиционално, новата победа ракометарите на Вардар 1961 ја прославија со своите најверни фанови – „Комити“.

ПретходноЈакимовски повторно двоцифрен, Тренто загуби дома
СледноШампионките поразени на гостувањето кај Наковски Волеј