Велешани им го земаа „скалпот“ на шампионите

37

Велешки Борец му го зададе првиот „удар“ на шампионот Струмица сезонава во Првата машка лига, откако славеше пред својата публика со 3:2 (25:18, 20:25, 19:25, 25:22, 15:10) во дербито на 4. коло.

Во дуел со многу надмудрувања, пресврти и подеми и падови во двата табора велешкиот тим остана фокусиран кога беше најпотребно. Прво за да се врати од негатива од 1:2, а потоа во „тај-брејкот“ да се избори за комплетен пресврт и победа, која е прва по 15 години над струмичкиот ривал.

Одбојкарите на Лирија, пак, исто така одиграа интересен дуел со Весна Пробиштип, во кој победникот беше решен во пет сета. И на оваа средба домаќинот најде решение како да се врати во игра и покрај тоа што губеше со 1:2, а потоа и да стигне до победа.

Македонија Џио и Штип УГД запишаа сигурни победи на гостувањето кај Шкендија, односно Скопје.

Четвртото коло кај мажите ќе биде комплетирано на почетокот на следната седмица, со оглед на тоа дека дуелот Јанта Волеј – Сушево се игра в понеделник, додека за в вторник е предвиден мечот меѓу Работнички 71&22 и Универзитет во Тетово, кој ќе има и директен ТВ пренос.

ПРВА ЛИГА МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ, 4. КОЛО

СКОПЈЕ – МАКЕДОНИЈА ЏИО    0:3 (18:25, 24:26, 23:25)

ШКЕНДИЈА – ШТИП УГД              0:3 (22:25, 24:26, 18:25)

ЛИРИЈА – ВЕСНА ПРОБИШТИП 3:2 (25:15, 18:25, 23:25, 25:20, 15:11)

БОРЕЦ – СТРУМИЦА 47&72        3:2 (25:18, 20:25, 19:25, 25:22, 15:10)

ЈАНТА ВОЛЕЈ – СУШЕВО               10.11.2025 20:00ч.

РАБОТНИЧКИ 71&22 – УНИ. ВО ТЕТОВО              11.11.2025 20:30 (ТВ)

ТАБЕЛА: 1. Штип УГД (12), 2. Струмица (10), 3. Универзитет во Тетово (8), 4. ГОК Борец (8), 5. Работнички (6), 6. Сушево (6), 7. Македонија Џио (5), 8. Весна Пробиштип (5), 9. Шкендија (4), 10. Лирија (2), 11. Јанта Волеј (0), 12. Скопје (0).

ПретходноАлен Рустемовски утре ќе боксува за злато на ЕП, Адријан се враќа со бронза
СледноБајевски се повлече од функцијата спортски директор на Македонија ЃП