Пелистер следната недела им се враќа на обврските во Лигата на шампиони. Македонскиот првак е домаќин на Пик Сегед во меч од седмото коло, дуелот се игра во среда со почеток во 20:45 часот.
Тимот на Пелистер има пет порази и една победа, се наоѓа на седмото место во групата Б, додека пак Пик Сегед е во горниот дел на поредокот, со три победи и три порази се наоѓа на четвртата позиција.
Од таборот на македонскиот првак известија дека билетите за оваа средба од денеска се пуштени во продажба, сите детали можете да го најдете на линкот во продолжение.










