Еве како ќе се вика новиот стадион на Интер и Милан!

118
фото: Inter Xtra (X)

Сега веќе дефинитивно е јасно дека “Џузепе Меаца“ или „Сан Сиро“ заминува во историја. Интер и Милан работат заедно на проектот за изградба на нов стадион кој ќе се наоѓа веднаш до сегашниот кој ќе биде срушен и во наредните години ќе има нов стадион кој и двата клуба ќе го користат.
Нешто за што моментално се дискутира, покрај самиот проект, е името на стадионот, а кој ќе го носи името по оној кој ќе плати најмногу. Стратешки потег кој донесе десетици милиони за повеќето клубови со новоизградени стадиони.
Некои спонзори станаа познати во врска со фудбалските арени како што се „Емирејтс“, „Алијанс Арена“ и други. Гигантите од Милан ќе се стремат кон истото.
Сè уште е рана фаза од изборот на компанијата по која ќе биде именуван стадионот, во изборот има неколку кандидати, а еден од оние што моментално се издвојуваат, според италијанските медиуми, е водечката осигурителна компанија таму – Џенерали.

ПретходноЈаник Синер остана без 2.000.000 евра!
СледноМаџари триумфално и во Гевгелија, втора победа по ред