Фудбалерите на Интер ѝ се придружија на Рома на делба на првото место на табелата, по вечерашната победа над тимот на Лацио со 2:0.
Лаутаро Мартинез и Бони беа фудбалерите кои вечерва ги донесоа бодовите за „нероаѕурите“, со што тимот на Киву се израмни по бројот на бодови со Рома на врвот на Серија А.
Лацио може да жали за некои зрели и неискористени шанси. Марио Гила беше непрецизен во 77-та минута, а потоа во 87-та минута од натпреварот и Пелегрини имаше зицер, кој голманот на Интер го одбрани.
Лацио остана на 9-тото место на табелата со 15 освоени бода.










