И Видиќ со моќна порака: „Некои пишуваат наслови, а некои повторно испишуваат историја!“ (ФОТО)

45
ФОТО: Nemanja Vidic/X

Многу врева се дигна во Србија по 101.титула на Новак Ѓоковиќ вчера во Атина во светот на тенисот. Додека медиумите кои се блиски до Александар Вучиќ тоа го “забораваат“ или известуваат со една – две реченици, оние другите го искористија тоа за одново да си кажат што имаат, а посебно по онаа глупава изјава од еден новинар кој Новак го нарече – пропаднат тенисер.

Немања Видиќ, легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и еден од најголемите непријатели на режимот во Србија, на своите социјални мрежи испрати моќна порака:

Некој пишува наслови, а некој повторно испишува историја“.

Со ова тој му го честита успехот на Новак, а “удри“ на тие што плукаат по најдобриот тенисер на сите времиња.

ПретходноМартин Томовски е спортист што секој тим би го посакал, погледнете и зошто (ВИДЕО)
СледноПолувреме: Вардар – Тиквеш 1:1, Пелистер води во Битола