Кошаркарите на Маџари направија изненадување славејќи вечерва на гостувањето во Гевгелија против екипата на Кожув со 79:84, со што ја остварија и втората последователна победа во својата прва сезона во кошаркарската елита. Кошаркарите на тренерот Тодоровиќ, уште еднаш оваа сезона покажаа дека имаат квалитет да играат рамноправно со секој противник во Супер-лигата.
Првата четвртина на денешниот меч во Гевгелија беше и најнеизвесна, но Маџари и таму успеа да направи минимална предност (18:20). Клучна за конечниот расплет на настаните беше втората четвртина во која гостите одиграа извонредно, направија +15 и на пауза заминаа со високи 33:48.
Домашните се обидоа да се вратат во мечот во третиот период, ја намалија негативата на минус 10, но не успеаја да влезат со подобар резултат во финалниот период. Таму Маџари се обидуваше да одржи ритам, иако домашните повторно притиснаа, но едноставно тешко се надоместуваше негативата од минатиот дел од мечот.
Димчевскис о 18 и Грин со 16 поени беа најефикасни кај Маџари, додека кај Кожув Николас постигна 29, додека Парвис имаше 24 поени зад своето име.










