Изненадување или не? Сензација или не? Па, и не е ако се види табелата. Сепак ретко кој очекуваше дека попладнево среде Бергамо, во меч од 11.коло во Серија А, Сасуоло како гостин ќе слави против Аталанта со неверојатни 0:3.
Одлична партија на фудбалерите на Сасуоло кои освоија и тоа како три големи бода.
Се почна со голот на Берарди од пенал во 29.минута за 0:1. Само што почна второто полувреме, поточно во таа 47.минута, Пинамонти зголемува на 0:2. Додека стрелецот на првиот гол, Берарди, во таа 66.миниута стави крај на маките на фудбалерите на Аталанта. Тимот кој што оваа сезона игра во Лигата на Шампионите.










