Слот: Голот на Ван Дајк беше чист, истиот судија призна ист ваков гол минатата сезона

58

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот рече дека голот на Вирџил ван Дијк против Манчестер Сити бил поништен по грешка. Ливерпул претрпе тежок пораз од 3-0 од „граѓаните“ во 11-то коло од Премиер лигата, но при резултат 1:0 во 38-та минута, судијата Крис Кавана, откако прегледа видео снимка, го поништи голот на Ван Дајк по корнерот на Мохамед Салах поради офсајд на Ендру Робертсон.

„Мислам дека е јасно дека одлуката на судијата беше погрешна, барем според мене. Бидејќи Робертсон воопшто не му се мешаше на голманот. Веднаш по натпреварот, ми беше прикажан гол на Манчестер Сити што истиот судија го досуди против Вулверхемптон минатата сезона. На линискиот судија му беа потребни 13 секунди за да го крене знамето и да досуди офсајд. Значи, очигледно имаше комуникација. Ова можеше да има позитивно влијание врз нашата игра, бидејќи бевме многу слаби во првото полувреме. Значи, тоа беше важен момент, но не можете да кажете дека со поинаква одлука ќе дојдевме до победа, бидејќи е невозможно да се предвиди како ќе беше во второто полувреме“, изјавил Слот.

ПретходноШампионките поразени на гостувањето кај Наковски Волеј
СледноУзунчев промаши „седмерец“ за реми, Тиквеш ја доби драмата со Бутел Скопје (ВИДЕО)