Узунчев промаши „седмерец“ за реми, Тиквеш ја доби драмата со Бутел Скопје (ВИДЕО)

52

И второто дерби од 11. коло во Супер-лигата донесе возбудувања. ГРК Тиквеш и Бутел Скопје одиграа уште еден интересен меч, победникот беше решен во последните секунди, а на победа се радуваа кавадарчани, славеа со 25-24. Трагичар во редовите на скопскиот тим беше Димитар Узунчев, кој не реализираше од седум метри за реми.

Гостите имаа водство на стартот на мечот 2-3, по што домаќинот со три гола во низа поведе со 5-3. Бутел Скопје се врати во егал неколку пати, но на одморот ГРК Тиквеш замина со минимална позитива од 14-13.

Според игра до пред 50-та минута се чинеше дека кавадарчани лесно ќе дојдат до бодовите, водеа и со 21-17. Сепак гостите во 55-та минута изедначија на 23-23 за драма во финишот. Димовски со два гола во низа зголеми на 25-23, на другата страна Ѓеоргиевски доближи на 25-24 на нешто повеќе од една минута до крајот. Трајковски ја запиша шестата интервенција, па Бутел Скопје имаше напад за реми, но Димитар Узунчев промаши од седум метри за израмнување.

Коцев со осум гола беше прв стрелец кај победникот, Панов имаше девет одбрани. На другата страна Субашевски имаше пет гола.

ПретходноСлот: Голот на Ван Дајк беше чист, истиот судија призна ист ваков гол минатата сезона
СледноЈаник Синер остана без 2.000.000 евра!