Одбојкарките на Наковски Волеј радуваа со максимални 3:0 (25:19, 25:23, 25:18) над шампионот Јанта Волеј во дербито од петтото коло од Првата лига жени. Македонските претставници во европските клупски купови понудија интересен натпревар, во кој домаќинот беше поконкретен и подисциплиниран во теренот. Пред својата публика струмичанки стигнаа до важни три бода, со кои истовремено ја продолжуваат и победничката низа во домашното првенство. За одбојкарките на Јанта, пак, ова е прв пораз во шампионатот сезонава.
Вардар ЕМ, пак, оствари значајна победа од 3:2 на гостински терен над Струмица Жени. „Црвено-црните“ имаа негатива од 0:2, но најдоа начин како да одговорат на играта на противникот и тоа во моментите кога беше најпотребно и со пресврт и на разлика 16:14, стигнаа до втората победа сезонава.
Втора победа во низа запишаа Газели Волеј во соочувањето со градскиот ривал Фит Фан Волеј, 3:0, со која фаќаат победнички ритам.
Младост УГД немаше проблеми во мечот против Ускана.
Петтото коло кај дамите ќе биде заокружено утре кога се соочуваат Работнички Скопје и Пелистер Волеј.
ПРВА ЛИГА ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ, 5. КОЛО
МЛАДОСТ УГД – УСКАНА 3:0 (25:15, 25:12, 25:14)
НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – ЈАНТАВОЛЕЈ КВ 3:0 (25:19, 25:23, 25:18)
ФИТ ФАН ВОЛЕЈ – ГАЗЕЛИ ВОЛЕЈ 0:3 (16:25, 20:25, 16:25)
СТРУМИЦА ЖЕНИ – ВАРДАР ЕМ 2:3 (25:18, 25:20, 17:25, 20:25, 14:16)
РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ 10.11.2025 17:00ч.










