Јакимовски повторно двоцифрен, Тренто загуби дома

50
фото: aquilabasket.it

Со 13 поени и 5 скока за околу 20 минути поминати на паркетот, нашиот репрезентативец Андреј Јакимовски не успеа да му помогне на својот Тренто во обидот да слави на домашен терен во дуелот со Наполи. Во меч од 7. коло во италијанското првенство, Тренто беше поразен од Наполи со 87:93, и покрај уште една одлична партија на нашиот млад кошаркар.

Во редовите на Тренто денеска најефикасен беше Американецот Стјуард со 23 поени, додека неговиот сонародник Бетл постигна 20. Јакимовски беше трет поентер во домашниот тим иако имаше значително помала минутажа од двајцата Американци.

ПретходноВардар 1961 го доби скопското дерби со Алкалоид и остана перфектен (ФОТО+ВИДЕО)
СледноВардар 1961 перфекција од два месеци без пораз и 11 победи во низа (ФОТО)