Звучи неверојатно, но така е.Тримесечната пауза што го снајде Јаник Синер по случајот „клостебол“ го чинеше скапо, не само во однос на АТП поените, туку и во однос на финансиите. Италијанецот беше во „аут“ од 9 февруари до 4 мај, по договорот со Светската антидопинг агенција (WADA).
Со тоа, тој автоматски го изгуби правото да учествува во АТП бонус програмата, која ги наградува играчите со најдобри резултати на турнирите. Наградниот фонд, тежок 21 милион долари, се распределува според перформансите на мастерс турнирите.
Прв на листата е Карлос Алкарас со 3.420 поени, а веднаш зад него е Синер со 2.350.
Сепак, постои јасно дефиниран систем на правила, 25 проценти се губат по еден пропуштен мастерс, 50 по два, 75 по три.
Италијанецот веќе ги пропушти Индијан Велс, Мајами, Мадрид и Монте Карло. Поради ова, тој остана без целиот бонус, кој изнесува околу два милиони евра. Од друга страна, овој финансиски удар нема премногу да го вознемири Италијанецот, кој неодамна победи на егзибициски турнир во Ријад и заработи шест милиони долари, со што целосно го „покри“ изгубениот бонус.










