Вардар со триумф над Тиквеш повторно застана на лидерската позиција

157

Тимот на Вардар повторно е лидер на прволигашката табела. Попладнево на Арената во Скопје, Вардар успеа со конечни 3:1, да го совлада тимот на Тиквеш и на тој начијн повторно да застане на чело на домашната фудбалска сцена.

Домаќинот на овој меч имаше повеќе од играта, создаде грст шанси дел ги реализираше, а за дел „виновен“ е гостинскот голман, Стевковски кој и покрај примените три гола имаше одличенн ден. Тиквеш парираше колку што имаше сила но едноставно тимот од Кавадарци денеска во Скопје мораше да капитулира.

Почетната иницијатива на Вардар беше олицетворена во шансата на Омерагиќ кој што биеше со глава покрај дирекот од голот на Стевковски. За да потоа во 17.минута Немања Босанчиќ со удар од слободен удар откосо ја погоди гредата од противничкиот гол.

Ворен за водство на Вардар

Во 19. Минута Вардар дојде до водство. Акцијата од лево ја донесе топката до Ворен, кој што од линијата на шеснаесетникот се реши да бие. Топката зафати минимално „поткачи“ некого од блокот на Тиквеш, и го измами Стевковски за водство на домаќинот.

Следуваше ситуацијата во која што Данев во 34. Минута биеше над голот. Роџерс Мато во целиот овој период беше константна закана за противничкиот гол и неколкупати пројде по таа негова лева страна.

На спротивната страна Иван Ивановски најопасен за голот на Вардар. Ситуација, две, во која беше за сантиметри кус за да ја зафати топката и да создаде опасност.

Тиквеш со пенал до израмнување

Сепак, во самиот финиш на првиот дел, грешката на Закариќ на средината на теренот создаде шанса за Тиквеш. Во која, Ивановски биеше одкосо, а во блокот направен со лизгачки старт Јанкулов играше со рака. По ВАР проверката, главниот судија Доне Ристовски покажа на белата точка. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше токму Иван Ивановски.

Стартот на вториот дел го одбележа „зицер“ ситуацијата во која нововлезените Димитар Тодоровски и Едис Спахиу прекрасно искомбинираа, но напаѓачот во својот обид беше осуетен од Христијан Стевковски.

По слободниот удар на Давид Бабунски, уште една измена во вториот дел, во 64. Минута, Стевковски повторно брани, одбива во поле, Тодоровски бие од прва, а Стевковски повторно на висина на задачата.

Мато со супер асистенција, Талевски промашува „зицер“

Во 78. Минута, Вардар имаше уште една екстра шанса. Роџерс Мато тргна сам од својатта половина, мина педесетина метри и прекрасно асистираше за Талевски на спротивната страна. Нововлезениот младинец на Вардар имаше огромна шанса, излезе сам пред Стевковски но шутираше преку голот од непосредна близина.

Спахиу спасува ситуација

Во 82. Минута конечно Вардар доаѓа до толку посакуваното водство. Одлично нафрлување од лево, за Едис Спахиу, кој што избива сам пред Стевковски, и рутински пласира за водство до 2:1.

Следуваше уште една ситуација минута подоцна во која Мато шутираше но Стевковски овој пат поуспешен.

Мато „заверува“ триумф

Во 86. Минута, Роџерс Мато става крај на сите дилеми околу победникот на овој меч. Рутински реализира од непосредна близина, пласирајќи во долниот лев голманов агол. При оваа ситуација „помогна“ и самиот дирек од голот во кој што топката удри пред да ја мине гол линијата.

 

 

ПретходноПМФЛ: Конечно и Пелистер победи!
СледноДориев повторно “тресе“ во Узбекистан!