Дориев повторно “тресе“ во Узбекистан!

52

Љупче Дориев и натаму е во одлична форма во елитнарта лига во Узбекистан. Денеска, во меч од 28.коло, Македонецот постигна гол за својата Согдиана и со тоа помогна во победата од 0:2 на гости кај составот на Хоразм.

Се играше 84.минута, а резултатот на оваа средба беше 0:0, кога Македонецот постигна гол за 0:1. Ова за него беше 16.гол и натаму е на второто место на листата на стрелците, притоа Македонецот запиша досега и шест асистенции.

Да кажеме дека водечкиот на листата на стрелците има два гола повеќе од Дориев.

Нема дилеми, Македонецот покажува дека и тоа како знае да постигнува голови.

ПретходноВардар со триумф над Тиквеш повторно застана на лидерската позиција
СледноСкандал: Претепан судија во Србија!