ЖРК Ѓорче Петров ја заврши европската одисеја!

26

Шампионот на Македонија, ЖРК Ѓорче Петров е елиминиран од ЕХФ Европскиот Куп во 3.коло и тоа со два порази на домашен терен. Вчера Елче славеше со 16:19, а денеска во возвратниот меч,кој исто така се играше во Скопје, гостинките од Шпанија славеа со 19:25.

Во раната фаза од мечот македонските ракометарки добро се држеа, до тие 5:5, но сепак во продолжение како се одвиваше мечот, ракометарките на Елче ја билдаа разликата во своја корист. На пауза се замина со 10:16.

Во продолжение од средбата, ЖРК Ѓорче Петров се обиде барем да ја намали разликата, но сепак на крајот резултатот гласеше 19:25 за составот на Елче.

Кај домаќинот Ризоска и Исиќ запишаа по четири голови, додека кај гостинките Лагуна реализираше во пет наврати.

ПретходноПолувреме: Вардар – Тиквеш 1:1, Пелистер води во Битола
СледноСасуоло ја декласира Аталанта и тоа среде Бергамо!