Манчестер Сити го растури Ливерпул и дојде на четири бода до Арсенал (ВИДЕО)

49
фото: Manchster City (X)

Актуелниот англиски шампион Ливерпул доживеа вистински дебакл на гостувањето кај Манчестер Сити во рамките на 11-то коло од англиската Премиер лига. „Граѓаните“ го добија дербито против Ливерпул со 3:0.

Веќе во 13-тата минута, „граѓаните“ имаа одлична можност да го отворат резултатот по досуден пенал. Халанд ја презеде одговорноста, но неговиот удар од белата точка го одбрани Мамардашвили. Она што Норвежанецот не успеа да го направи во 13-тата минута, го направи во 29-тата минута по центаршутот на Нуњес и му донесе водство на својот тим од 1:0.

Ливерпул израмни во 40-тата минута, но по проверката од ВАР, голот на Ван Дајк беше поништен поради офсајд. Непосредно пред крајот на првото полувреме, „Граѓаните“ го постигнаа својот втор гол, а стрелец беше Нико Гонзалес со голема помош и ан Ван Дајк кој последен ја допре топката и и го смени правецот на движење.

Конечните 3:0 ги постигна Доку со прекрасен гол во 63-тата минута.

ПретходноБајевски се повлече од функцијата спортски директор на Македонија ЃП
СледноИ Грнчаров поднесе оставка: Повеќе не сум тренер на Македонија ЃП