Од Тиквеш едногласни: Знаеме кон што се стреми Вардар, но ние имаме свои амбиции и мотиви

81

Екипата на Тиквеш во ова најново коло од ПМФЛ шампионатот влегува со позитива. Ретка ситуација сезонава за кавадарчани, кои имаат огромни проблеми на резултатски план.

Сепак, новиот тренер, Борче Христов, очигледно дека ги постави нештата како што треба па Тиквеш на последните два меча освои четири бода. Нешто што не можеше ниту да се замисли што се вели претходно.

Тоа на кавадарчани им дава надеж дека ќе излвечат позитива и денеска на Арената против Вардар, во дуелот кој стартува од 13 часот.

„Секако дека играњето на Арената и дуел против Вардар е мотив повеќе за секого, па и за нас. Ние добро стартувавме со новиот тренер, посакуваме таа наша позитивна серија да продолжи и да се извлечеме од резултатската криза полека но сигурно. Респект за противникот, знаеме кон што се стреми Вардар, но ние имаме свои амбиции и мотиви“, вели Александар Мишов, кој ја пренесе атмосферата од своите редови. 

ПретходноВреме е за ЛШ во Битола: Пелистер ги пушти во продажба билетите за Пик Сегед
СледноБрера би била перфектен „лек за раните“ на Пелистер