Фудбалерите на Рома ја совладаа екипата на Удинезе со 2:0 во вечерашниот натпревар од италијанската Серија А.
Екипата предводена од Џанпиеро Гасперини стигна до нов триумф со головите на Пелегрини од пенал во 42-та минута и Зеки Челик во 61-та минута. Удинезе беше тотално инфериорен и на крајот Рома заслужено стигна до трите бода.
Со оваа победа Рома го превзеде првото место на табелата со 24 бода, а Удинезе се наоѓа на 10-тата позиција со 15 бода.










