Волфсбург остана без тренер

43

Пол Симонис повеќе не е тренер на екипата на Волфсбург. Менаџментот на тимот се одлучи за ваков потег поради лошите резултати на тимот во актуелната Бундес лигашка сезона.

Симонис пристигна летоска во тимот од Холандија, каде што беше на чело на Го Ахед Иглс. Сепак, очајните резултати доведоа до тоа тој да добие отказ, откако победи на еден во десет натпревари.

Поразот кој беше одлучувачки се случи во петокот кога Волфсбург загуби од Вердер.

 

ПретходноЕлиф Елмас со вкупни 200 настапи за Наполи
СледноИван Јуриќ доби отказ во Аталанта