Откако тимот на Аталанта загуби со 3:0 од Сасуоло, раководните структури на клубот, одлучија да му врачат отказ на досегашниот стратег Иван Јуриќ.
Откако клубот освои само 13 бодови во 11 кола, ситуацијата беше и повеќе од јасна. Клубот се мачеше играчки, а уште повеќе резултатски, и Јуриќ одамна беше на излезна врата што се вели.
Тој во Аталанта дојде на почетокот на сезоната како замена за Гасперини. ПО негови девет минати години во Аталанта, падна одлуката токму Јуриќ да го замени но очигледно дека тоа беше преголем залак за хрватот.










