Македонија У21 од денеска во Охрид

175

Македонската фудбалска репрезентација до 21. година денеска ја обави прозивката по повод квалификациските дуели на домашен терен против Шведска, односно Полска, во Битола.
Селекторот Горан Станиќ прозиваше стандардно во хотелот Парк во Скопје, но веднаш потоа се замина за Охрид, каде што нашиот национален тим ќе ги направи главните подготовки за овие два дуела.

Целта е јасна. Мора да се освојат бодови, со кои што ќе ја подобриме моменталната ситуација на табелата. Имаме една победа од четири мечеви и три освоени бодови.

Првиот дуел го играме на 13 ноември против Шведска, а Полска ни пристигнува пет дена подоцна.

Мечевите стандардно се играат на стадионот Петар Милошевски во Битола.

Голмани: Васко Василев (Работнички), Љупче Џеков (Силекс), Славе Вргов (А.П. Брера);

Одбрана: Давид Даилоски (Венло, Холандија), Андрија Димески (Вождовац, Србија), Анес Мелиќи (Шкендија), Ѓорге Џеков (Силекс), Реџеп Мурати (Башкими), Меметриза Хамза (Струга Трим Љум), Џезаир Авдули (Арсими);

Среден ред: Матеј Ангелов (Работнички), Шабан Зенку (Струга Трим Љум), Адриан Зенделовски (Олимпик, Шведска), Матео Софијаноски (Македонија Ѓ.П.), Мартин Ѓоргиевски (Збројовка Брно, Чешка), Матеј Гаштаров (Црвена звезда, Србија);

Напад: Михаил Талевски (Вардар), Димитар Данев (Вардар), Кире Стојанов (А.П. Брера), Мухамед Елмас (Македонија Ѓ.П.), Дашмир Елези (Работнички), Димитар Трајков (Работнички);

ПретходноСилекс со „петарда“ за Шкупи во Кратово
СледноМакедонија У19 замина за Португалија без Горазд Ристовски