Од Ферари со порака до Хамилтон и Леклер: Помалку зборувајте, повеќе возите!

22
фото: Lewis Hamilton our champion (X)

Првиот човек на Ферари, Џон Елкан, остро ги критикуваше Луис Хамилтон и Шарл Леклер по Големата награда на Бразил, каде што дуото на Ферари не успеа да ја заврши главната трка. Тој им даде ист совет на двајцата во многу лоша сезона за Скудерија.
Во Формула 1, од една страна, имаме механичари кои си ја завршија работата, и во квалификациите и во боксовите. Инженерите го направија истото, а автомобилот покажа очигледни подобрувања. Останатите не ги исполнија очекувањата“, рече Елкан, додавајќи…
„Луис и Шарл треба да се фокусираат на возењето и да зборуваат помалку. На Ферари му се потребни возачи кои помалку размислуваат за себе, а повеќе за тимот. Сè уште имаме неколку трки и не е невозможно да завршиме втори во конкуренцијата на конструктори“, додаде тој.
Ферари моментално е на четвртата позиција во шампионатот на конструктори во Формула 1, со 362 поени – четири помалку од Ред Бул и 36 зад Мерцедес. Во пласманот на возачи, Леклер е петти со 214 поени, а Хамилтон е шести со 148.

ПретходноТрагични вести од Торино: Починале двајца фанови за време на мечевите од завршниот Мастерс!
СледноПоради обложување: ТФФ суспендираше репрезентативец и член на Галатасарај!