Официјално: Диего Кастенада уште две години во Вардар!

188

Како што вечерва е објавено на клупскиот сајт на нашиот најтрофеен клуб, Диего Кастенада ја продолжил верноста со Вардар на уште две години. Според ова, новиот договор ќе биде со важност до јуни 2028 година.

Аргентинецот во изминатиот дел од сезоната е еден од подобрите фудбалери во составот на стратегот Гоце Седлоски, добива често шанса и минутажа и во целост го исполнува задачите во средниот ред.

Токму затоа раководството на Вардар се одлучи за ваков потег.

ПретходноАлен Рустемовски го освои среброто на У-23 ЕП во бокс!
СледноПроблем за лидерот: Мато е повреден, ќе биде во „аут“ 4-6 недели!