Страшно. Трагичната вест од Италија го обиколи светот. Имено во Торино се игра финалниот Мастерс турнир, а двајца навивачи ги загубија животите за време на мечевите.
Според италијанските медиуми, мажите се на возраст од 70 и 78 години. На еден навивач му се слошило во фан-зоната во близина на салата. На другиот му се слошило на трибините за време на натпреварот помеѓу Тејлор Фриц и Лоренцо Мусети. Во двата случаи, Службата за итни случаи брзо реагирала и се обидела да ги реанимира. Тие биле итно префрлени во блиската болница, но за жал починале таму набргу потоа.










