Шкендија немаше милост за младинците на Македонија ЃП

243
фото: KF Shkëndija (FB)

Актуелниот бранител на титулата во домашниот ПМФЛ шампионат, екипата на Шкендија во рамките на тековното тринаесетто коло, на домашен терен во Тетово го совлада тимот на Македонија ЃП со огромни 7:2.

За оние кои што не го следеа овој меч во живо да кажеме веднаш дека гостите од Скопје пристигнаа со младинскиот состав и само два колумбиски интернационалци како сениори.

Оттаму и вака високиот пораз кој што младите момчиња од Ѓорче и не го заслужија. На терен секако да, но реално младинскиот погон на Македонија ЃП со ништо не придонесе да биде ставен во оваа ситуација. Да одигра дуел со најдоброто што во моментов Македонија на фудбалски план го има.

Што друго да се напише за овој дуел освен дека домаќинот можеше да постигне колку што сака голови. Се редеа на листата на стрелците, Мазари, Рамадани, Мелиќи… во првиот дел. Во еден момент гостите имаат свој неколку минути со одбранетиот пенал, и голот на Етеми за 3:1.

Сепак, домаќинот не застана во вториот дел, па погоди одново Мазари, па Фитон Адеми, за да на крајот конечниот резултат гласи 7:2.

Она што денеска му се случи на тимот на Македонија ЃП е типичен пример на она што се вели македонски фудбалски синдром. Он сосема нормална ситуација во Ѓорче, однеднаш се случија оставки на раководните структури и главниот тренер, па очигледни суспензии на тимот и играње со младински погон. Сурова и жална вистина.

 

ПретходноСерафимов: Одиме по добар натпревар против Летонија, па на најважниот меч во овие квалификации
СледноСилекс со „петарда“ за Шкупи во Кратово