Дома Ракомет Европски купови Вардар 1961 „од сала во авион“ по заверка на главна рунда во...

Вардар 1961 „од сала во авион“ по заверка на главна рунда во Европската лига

77

Вардар 1961 продолжува во брз ритам. Исто како Алкалоид после вчерашното дерби во Супер-лигата нема време за одмор. Практично „црвено-црните“ од сала се качија во авион, му гостуваат на Кристијанштат. Овој меч е закажан за утре со почеток во 18:45 часот.

Избраниците на Иван Чупиќ имаат за задача да стават печат на пласманот во Главната рунда во ова натпреварување. После победите над Тулуз на гости и над Сесвете во Скопје, македонскиот тим е на првото место на табелата, зад него е токму шведскиот тим кој има победа и пораз.

Шансите за нова победа за „црвено-црните“ се големи, бидејќи имаат широк ростер и според играта може да се каже слободно дека веќе одлично функционираат и создаваат целина која ветува многу.

Натпреварот ќе се игра утре во Кристијанштат Арена, а ќе ја судат Австријци – Радојко Бркиќ и Андреј Јусуфхоџиќ.
ПретходноАлкалоид продолжува во дерби ритам – во среда е гостин на ГРК Охрид
СледноМилевски прозиваше Летонија и Велс