Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, двајца клучни играчи на Реал Мадрид се повредени и тие нема да бидат дел од своите селекции во претстојниот репрезентативен циклус.
Тоа се голманот Тибо Куртоа (Белгија) кој се жали на адукторот и Федерико Валверде (Уругвај) кој пак има повреда на мускулот.
Како што се пренесува, со оглед на тоа дека не се работи за потешки повреди, и двајцата по завршување на репрезентативната пауза би требало да му се стават на располагање на стратегот Чаби Алонсо.










