Денеска продолжува македонскиот ПМФЛ шампионат во кој се среќаваат екипите на Шкендија и Македонија ЃП односно Силекс и Шкупи.
Со оглед на случувањата во клубовите во моментов, и резултатите на полувреме воопшто не треба да бидат изненадуавање.
Шкендија на свој терен води со 3:1, против младинскиот тим на Македонија ЃП. „Лавовите“ во Тетово пристигнаа екстра подмладени, поради проблемите кои што се појавија во изминатите неколку дена во овој клуб.
Од друга страна пак, Силекс со сите сили удри врз слабиот тим на Шкупи, па покрај тоа што постигна четири гола, создаде уште толку зицер ситуации кои можеше да ги реализира.















