Новак Ѓоковиќ повторно е во центарот на вниманието, но не поради победа или освоен турнир, туку поради гостувањето кај Пирс Морган, кој досега важеше за најголем негов критичар, ама тој на почетокот на интервјуто јавно му се извини. Се разбира дека станува збор за ставот на Новак околу вакцините за Ковид-19.
Новак говореше на повеќе теми, одговараше на повеќе прашања, а дел од тие беа за Јаник Синер и допингот со кој Италијанецот беше поврзан, како и за неговиот син Стефан:
“Тоа го следи него како стигма, како што Ковид ме следеше мене. Прашајте го него тоа – рече тој со насмевка, додека Морган коментираше дека тој „интервјуира само најголемите на сите времиња“. И двајцата мислеа на Синер.
Кога го праша за можноста еден ден да игра против неговиот син Стефан, тој одговори со насмевка:
“Тоа би бил мојот сон – но би ги шутнал по га*от“.
Инаку засега не е објавено кога ќе може да се погледне целото интервју.










