Како што денеска беше објавено, Турската фудбалска Федерација го суспендираше Ерен Елмали (25), член на шампионот Галатасарај и актуелен репрезентативец на Турција.
Тој се товари дека наводно е вмешан во спортско обложување, а се доаѓа по најновата акција на властите во таа земја како и на ТФФ. Тој е најпознатото име кое се поврзува со спортско обложување.
Елмали на своите социјални мрежи призна дека тоа го правел, ама пред пет години и тоа кога играл за Касимпаша.
По ова тој е отстранет од кампот на репрезентацијата на Турција која се подготвува за квалификациски меч со Бугарија.
Елмали е дефанзивец на Галатасарај, а за селекцијата на Турција досега има одиграно 20 натпревари.










