Раул Гонзалес, поранешниот македонски селектор и творец на шампионскиот Вардар во интервју за „Мондо.рс“ зборуваше за моментот кога дојде во Скопје и деновите поминати како тренер на „црвено-црните“.
Кога дојде во Вардар, Сергеј Самсоненко веќе создаде сериозна структура што ќе му биде од голема помош на шпанскиот стручњак.
„Понекогаш имате добри играчи во тимот, но зад тоа нема ништо. Во Вардар беше поинаку бидејќи го имавме Самсоненко. Тој го купи тимот и инвестираше многу пари, но секогаш беше тука за нас. Тој нè држеше зад себе, разговараше со играчите и малку по малку станувавме сè подобри и подобри и ја освоивме Лигата на шампионите“, истакнува тој.
Раул зборуваше за моментот кога Иван Чупиќ го донесе трофејот од Лигата на шампионите во Скопјe во 2017 година со гол во последната секунда.
„Не можете да замислите. Не беше изненадување, игравме добро, ја освоивме СЕХА лигата против Веспрем во финалето со пет гола разлика. Но, Ф4 е Ф4, сè може да се случи за 60 минути. Одигравме многу добро финале, а во последен момент постигнаа гол за продолжение, но Чупиќ го постигна најневеројатниот гол. Мислам дека работевме многу напорно, ја поминавме групата како први на табелата и игравме во силна СЕХА лига. Отидовме во Келн и мислевме само на победа. Сонувате да ја освоите Лигата на шампионите, да ја завршите работата“, рече Шпанецот, кој сега има нова мисија, а тоа се вика Србија.










