Ако во Тетово, денеска во рамките од новото коло во ПМФЛ шампионатот на дуелот помеѓу Шкендија и Македонија ЃП беа видени девет гола, стрелците во Кратово на мечот Силекс и Шкупи беа за нијанса понеефикасни.
Кратовци својот нов триумф го олицетворија во конечно 5:1, во меч во кој требаше да постигнат минимум уште толку голови. Сепак, тешкиот терен и долдливото време некако ги спаси гостите да не доживеат ама вистински дебакл, ако овие пет гола во нивната мрежа и не можат да се окарактеризираат како таков.
Голеадата ја стартуваше Ади Алиќ во седмата минута, за да по само три минути Пиреш да зголеми на 2:0. Алиќ со втор погодок за 3:0, а Мирчевски пред полувреме реализира за 4:0.
Рибеиро на изненадување на сите намалува на 4:1, но Мирчевски со својот гол во 57. минута веќе прави 5:1.
Шансите кои подоцна Силекс ги создаде не ги реализираше, а односот на силите на теренот едноставно не му даде никаква шанса на Шкупи да стори нешто повеќе.















