Станковски: Македонија секогаш и на секој меч оди на победа

52

Македонската фудбалска репрезентација денеска го обави својот собир по повод претстојните предизвици кои следуваат, што пријателски што квалификациски.

Најпрво нашиот национален тим на домашен терен на 13 ноември ќе ја пречека селекцијата на Летонија во претходно закажаниот пријателски меч, за да потоа, на 18 ноември одиме во Велс да го одиграме последниот квалификациски дуел од тековната Мундијалска кампања.

Нашиот национален тим за овој репрезентативен прозорец брои 28 играчи, што ќе рече дека селекторот Милевски има широк спектар на репрезентативци од сите позиции. На кои ќе им распореди минутажа и шанса на двата меча.

Еден од оние кои секако чека со нетрпение минутажа во националниот тим е играчот на срспки Раднички, Лука Станковски.

„Секогаш со радост пристигнуваме тука, во репрезентативниот табор. Така е и сега. Имаме пред нас два предизвика во облик на пријателски односно квалификациски дуел. За мечот против Летонија можам да кажам дека е одлична можност да се добие дополнително репрезентативно искуство за оние кои чекаат шанса и поголема минутажа. Што се однесува пак до мечот против Велс, се знае. Македонија чека историски успех, пласман, па зошто тоа да не го оствариме. Македонија не признава друго освен победничка тактика. Против кого и да играме нашата цел се знае, победа“ – изјави Лука Станковски.

ПретходноМилевски прозиваше Летонија и Велс
Следно„Дожд“ од голови во Тетово и Кратово