Тандемот Дурент-Шенгун ги запре Бакс, Јанис трагичар (ВИДЕО)

22
фото: KNAWTNINE (X)

Кошаркарите на Хјустон Рокетс славеа како гости против Милвоки Бакс со резултат 122:115 по голем пресврт во последната четвртина.

Ова е шеста победа за Хјустон во девет одиграни натпревари, додека Милвоки го запиша својот четврти пораз и има скор 6–4.

Кевин Дурант со 31 поен, 7 асистенции и три скока беше најефикасен кај Хјустон Рокетс, а одличен настап имаше и турскиот репрезентативец Алперен Шенгун со 23 поени, 11 скокови и 7 асистенции.

Кај Милвоки Бакс најрасположени беа Јанис со 36 поени, осум скокови и две асистенции, како и Ролинс со 19 поени и пет асистенции. Но, гркот беше трагичар на мечот – промаши четири слободни фрлања и загуби една топка во клучни моменти кога Хјустон го правеше пресвртот.

Резултати: Мемфис – Оклахома 100-114, Њујорк – Бруклин 143-98, Орландо – Бостон 107-111, Филаделфија – Детроит 108-111, Голден Стејт – Индијана 114-83, Сакраменто – Минесота 117-144.

ПретходноЧаби Алонсо: Не сме во криза
СледноРаул се присети на деновите во Вардар и голот на Чупиќ: Не можете ни да замислите, кога влезе..