Шмекерски потег на “Македонецот“ Пауновиќ! (ФОТО)

140
ФОТО: Fudbalski savez Srbije/FB

Тоа е. Кој си знае, си знае, што би се рекло. Така и за Вељко Пауновиќ, новиот селектор на репрезентацијата на Србија кој денеска ја имаше својата прва прес-конференција како селектор со новинарите во пресрет на мечевите со Англија и Летонија.

Колку за потсетување. Вељко е син на легендата на Партизан, Благоје Пауновиќ. Вељко е роден во Струмица во 1977 година, а неговата мајка е Македонка. И не крие дека го говори и македонскиот јазик.

И се она што не го красеше досегашниот селектор Драган Стојковиќ – Пикси, го има “Македонецот“ Вељко, кој не е препотентен, кој е саглам тренер за разлика од Пикси, кој културен и со респект за сите, а посебно за новинарите.

По пресот главна тема во фудбалската јавност во Србија е и тоа дека при влегување во прес – салата Вељко се поздравил посебно со секој новинар и секој снимател и посакал успешна соработка.

Никаква препотентност од типот..- А бе знаете, јас сум Пикси, кој ве врти“.

Тоа е тоа. Нема што. Шмекерски потег на новиот селектор за кого цела фудбалска Србија застана позади него, и власта, и опозицијата, и партизановците и ѕвездашите.

May be an image of soccer and text

ПретходноПроблем за лидерот: Мато е повреден, ќе биде во „аут“ 4-6 недели!
СледноНапред Македонија: Националите ја стартуваа “операцијата Велс“!(ФОТО)