Алкалоид продолжува во дерби ритам – во среда е гостин на ГРК Охрид

68

Алкалоид нема да има многу време за одмор после вчерашниот дерби дуел против Вардар 1961 во рамките на 11. коло во Супер-лигата. Избраниците на Кирил Лазаров веќе во среда ги чека пресметка против ГРК Охрид на гостински терен. Ова е уште еден дерби дуел и голем предизвик за младите ракометари на актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп.

Охриѓани направија дрим тим и оваа сезона се еден од кандидатите за титулата во домашниот шампионат.

Првата средба меѓу овие два тима заврши без победник, што пак е добра најава за одличен меч во Охрид.

Алкалоид пред оваа средба се наоѓа на делба на второто место со Пелистер, двата тима имаат по 18 бодови, додека пак ГРК Охрид има бод помалку и се наоѓа зад нив на четвртото место.

Претходно„БОМБА“: Лионел Меси тајно го посетил новиот „Камп Ноу“
СледноВардар 1961 „од сала во авион“ по заверка на главна рунда во Европската лига