И Атлетико Мадрид се продаде!

130
ФОТО: Atlético de Madrid/FB

И Атлетико Мадрид се продаде. Челниците на клубот објавија дека го продале својот мнозински влог на Аполо Спортс Капитал, со што американскиот фонд станува главен акционер на клубот. Ова веста на денот за фановите на третиот најголем клуб во Шпанија.
Спогодбата, која претставува значајна структурна промена, предвидува дека Мигел Анхел Хил, сегашниот извршен директор, ќе остане извршен директор, а Енрике Серезо претседател, обезбедувајќи континуитет во управувањето.

Операцијата ги вклучува и сегашните акционери, Квантум Пацифик Груп и Ерес Менаџмент, предвидувајќи инјектирање на нов капитал за зајакнување на тимот и финансирање на инфраструктурни проекти, вклучувајќи го и „Спортски град“, амбициозен комплекс веднаш до стадионот Метрополитано.

Договорот сега предмет на вообичаени регулаторни одобренија и се очекува да биде завршен во првиот квартал од 2026 година.
По завршувањето, Аполо Спортс Капитал ќе поседува мнозински влог во групацијата, која ги вклучува и Атлетико де Сан Луис (Мексико) и Атлетико Отава (Канада). Финансиските услови не се објавени, но договорот се проценува на околу 2.000.000.000 евра. „Аполо Спортс Капитал“, спортската гранка на глобалната компанија за менаџмент „Аполо“, е еден од најголемите инвеститори во спортскиот сектор, со удели во турнири како што се „Мутуа Мадрид Опен“ и „Мајами Опен“. Инвестицијата во Атлетико ќе биде прва на компанијата со мнозинска контрола и е дел од нејзината стратегија за глобална експанзија.

ПретходноИван Јуриќ доби отказ во Аталанта
СледноАлен Рустемовски го освои среброто на У-23 ЕП во бокс!