Милевски прозиваше Летонија и Велс

146

Македонската фудбалска репрезентација денеска точно во 13:00 часот, во стандардната база во хотел Хилтон во Скопје, ја имаше официјалната прозивка по повод претстојниот пријателски меч со Летонија на домашен терен на 13 ноември односно последниот квалификациски дуел од тековната кампања против Велс на гости на 18 ноември.

Селекторот Милевски за овие два дуела повика вкупно 28 играчи, бројка која што е за неколкумина поголема од вообичаениот број но тоа и не е толку важно.

Треба да се напомене дека овојпат сме без Езџијан Алиоски кој е повреден, но затоа пак повратници се Бојан Димоски, Лирим Ќамили и Кристијан Трапановски.

Пријателскиот меч против Летонија секако ќе биде еден вид на проверка на моменталната состојба на повиканите репрезентативци, и формата во која што во моментов се наоѓаат.

Истиот едноставно мора да биде одигран поради правилата на УЕФА, поради десетте обврзувачки термини на одигрување на натпревари во овој циклус.

Што се однесува пак до дуелот во Велс, истиот треба да е круна на целиот квалификациски циклус кој Македонија засега го игра без пораз.

 

ПретходноВардар 1961 „од сала во авион“ по заверка на главна рунда во Европската лига
СледноСтанковски: Македонија секогаш и на секој меч оди на победа