Утре вечер од 20:45 часот, во салата “Боро Чурлевски“ во Битола, во меч од 7.коло во ЕХФ Лигата на Шампионите, РК Пелистер го пречекува силниот состав на ПИК Сегед. Битолчани засега имаат само една победа, значи време е за триумф. Од друга страна тимот од Унгарија во изминатите шест кола успеа да дојде до три бода.
За очекувањата за утрешниот меч свој коментар даде стратегот на македонскиот шампион Рубен Гарабаја:
“Ќе имаме нов тежок меч во Лигата на шампионите, Сегед е одличен тим со неверојатни играчи на сите позиции. Одбраната им е гранитна, шутираат од секаде, особено од далечина. Во екипата е еден одличен голман и можеби едно од најдобрите крила во натпреварувањето, но ние ќе се обидеме да им ги поматиме сметките. Се надевам дека тимот наскоро ќе биде комплетен, тоа ќе биде одлично за нас. Против ПИК Сегед ќе го дадеме нашиот максимум, мојата порака до фановите е дека ќе видат борбен тим со желба за победа.“.










