Работнички ја раскина соработката со Ердем и Бабунски

84
фото: ФК Работнички (FB)

ФК Работнички денеска со соопштение на социјалните мрежи потврди дека ја прекина соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб Алпарслан Ердем и тренерот Бобан Бабунски. Клубот им се заблагодарува за вредната и напорна работа и им посакува сѐ најдобро во иднина.

Работнички влезе во кризен период и има само една победа од почетокот на сезоната. „Херојот од Дебар Маало“ се наоѓа на претпоследното место на табелата во домашното првенство и му претстои грчевите борба за опстанок во елитата.

ПретходноМакедонија подготвена за тестот против Летонија
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 13.КОЛО: Буњо како во најдобрите денови