Анчелоти: Сите во Бразил сакаат да го видат Нејмар во врвна форма

45

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Карло Анчелоти, по којзнае кој пат откако ја обавува оваа функција беше запрашан околу ситуацијата со Нејмар и неговото мислење за легендарниот фудбалер.

„Воопшто не ми пречат прашањата околу Нејмар. Тој е легендарен играч во Бразил и тука нема ништо спорно. Искрено, сите сакаат Нејмар да се врати во врвна физичка форма. Бразилската фудбалска федерација (CBF), тренерот, техничкиот штаб на репрезентацијата и играчите се надеваат дека Нејмар ќе се врати во врвна форма. Вистината е дека денешниот фудбал бара многу работи. Не само талент, туку и физичка подготвеност, интензитет… Се надевам дека Нејмар е во својата најдобра форма“, – рече Анчелоти на темата Нејмар и евентуалното негово враќање во националниот тим. 

 

ПретходноОскар моментално завршува со фудбалот поради проблеми со срцето
СледноСојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, пливачот Евгениј Поп Ацев спортист на годината