„Нашиот дом е тешко освоив за сите ривали, а тоа ќе го докажеме против Пик Сегед“

69
фото: РК Еурофарм Пелистер (Facebook)

Пелистер денеска продолжува со предизвиците во Лигата на шампиони. Тука актуелниот македонски првак има само една победа и пет порази. Новата тешка задача за ракометарите на Пелистер се вика Пик Сегед, дуелот се игра во салата „Боро Чурлевски“, а мечот стартува во 20:45 часот.

Во редовите на македонскиот првак од пред неколку меча се врати искусниот голман Саид Хаидарирад, кој го најави дуелот со унгарскиот тим.

„Се вратив бргу, најмногу благодарение на медицинскиот тим, кој заврши одлична работа. Повредата е во минатото, сега се фокусираме на мечот со Пик Сегед. Очекувам добар резултат и со голем оптимизам го очекуваме дуелот. На сите противници им е тешко во пеколната атмосфера пред нашите гледачи. Нашиот дом е тешко освоив за сите ривали, а тоа ќе го докажеме и на следниот натпревар против Сегед. Мислам дека сме на добар пат, одлично тренираме, тимот е расположен и се наоѓа во позитивен моментум. Не го гледав дербито во Унгарија помеѓу Веспрем и ПИК Сегед затоа што и ние игравме во истиот термин, но од тоа што чув, следниот ривал прикажал извонредна игра. Таму има многу добри и искусни ракометари, затоа мора да сме свесни дека овој меч ќе биде исклучително тежок за нас“, изјави голманот Саид Хаидарирад.

Двата тима до сега се имаат сретнато трипати, сите три меча ги добил Пик Сегед.

ПретходноЕндрик е поблиску до рестарт во Франција, Реал го дава на позајмица
СледноЃоковиќ го коментираше случајот со Синер и неговата казна: Еднаш кога ќе се случи такво нешто…