Стојановска: Секој што стапна на терен даде максимум и придонес за оваа прва победа

31
фото: fiba.basketball

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија со победа над Данска ги отвори квалификациите за Евробаскетот во 2027 година. Една од нашите најискусни кошаркарки, Александра Стојановска денеска беше дел од главната четворка во нашиот национален тим, која го понесе најголемиот товар во дуелот со Данска.

„Пред се, честитки до мојата екипа. Се боревме, покажавме дека можеме од самиот старт и како што ни рече тренерот на почетокот, го покажавме тој победнички менталитет. Заслужено го добивме овој дуел, со борба од прва до последна секунда. Секој што стапна на терен даде максимум и даде свој придонес во оваа прва победа. Ова е само почеток на нешто добро и убаво во нашата репрезентација. За следниот меч ќе се подготвуваме добро, Грција е тежок и искусен ривал, долги години игра на Европските првенства. Но секако дека нема да се откажеме и ќе се бориме да покажеме дека можеме“, потенцираше Стојановска.

ПретходноЕврокуп: 12 поени за Јакимовски, Тренто поразен во Истанбул
СледноГРК Охрид го доби дерби дуелот со Алкалоид