Чурлинов: Дресот на Македонија секогаш на прво место

42

Македонската фудбалска репрезентација утре го игра последниот пријателски меч во оваа кампања против Летонија на домашен терен. На Арената Тодор Проески во Скопје со почеток од 18:00 часот нашите национали ќе спарингуваат со противник кој е одлична можност за да се испробаат тактичките и играчките варијанти кои што Милевски ги планира.

На официјалната прес конференција која што се одржа предмалку покрај селекторот Милевски, беше и Дарко Чурлинов.

„Кога се игра за Македонија нема важен или не важен меч. Се знае дека се игра со цело срце и со полн капацитет за да се дојде до победа на секој меч.

Секогаш кога се има вака два меча еден по друг треба да се добие тој прв натпревар за да се создаде позитивна атмосфера за тој втор натпревар. Воопшто не е важно против кого и за што се игра. Важен е дресот на Македонија, и начинот на кој што се однесуваме кога го носиме“ – изјави Чурлинов.

ПретходноМилевски: Без Атанасов и Муслиу, но сепак, како и секогаш Македонија оди на победа
СледноДржавата им подготви вртоглави парични награди за плеј-оф, но тоа не е ништо ако одат на СП