Барселона е подготвена да ја плати откупната клаузула за Хари Кејн.
Според „Гардијан“, Каталонците го сметаат напаѓачот на Баерн Минхен за идеална замена за Роберт Левандовски, чиј договор истекува во летото 2026 година. Барселона наводно е подготвена да ја активира клаузулата за откуп на Кејн од 57 милиони фунти (над 64,5 милиони евра).
Во 17 натпревари оваа сезона, 32-годишниот напаѓач постигна 23 гола и имаше три асистенции.










