ГРК Охрид го доби дерби дуелот со Алкалоид

140

Екипата на ГРК Охрид славеше на дерби дуелот против Алкалоид со 28-24 во првиот меч од 12. коло во Супер-лигата. Избраниците на Борис Ројевиќ ја оправдаа фаворитската улога против младиот скопски состав. Охриѓани оваа сезона се еден од главните кандидати за титулата, поптишаа бројни странски засилувања и имаат голем буџет.

Стрмјан беше стрелец на 11 гола, додека Иванковиќ запиша седум. На другата страна Дамјан Митев имаше шест погодоци, неговиот брат Марко беше стрелец на пет гола.

До пред средината на првото полувреме се играше изедначено (6-6), домашниот тим со серија од 4-0 поведе со 10-6, а потоа полека ја превзема контролата на мечот. На одморот резултатот беше 17-11. Алкалоид не успеа да приреди изненадување на оваа средба.

Со новите бодови, ГРК Охрид ќе биде на третата позиција, додека Алкалоид ќе биде четврти.

 

ПретходноСтојановска: Секој што стапна на терен даде максимум и придонес за оваа прва победа
СледноФИБА Евро куп: Пелистер го претрпе третиот пораз во серија